Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Ос СДСМ порачуваат дека одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија.

,,Го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ. Ги бојкотираа најважните моменти од нашата независност и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакво право да зборува за нечиј бојкот.На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата. Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради”,се вели во соопштението од СДСМ.

Упатија повик до граѓаните,на 8-ми мај, масовно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава.

Поврзани објави
Total
0
Share