Бочварски :Има финансиски средства за изградбата на автопатот Кичево-Охрид

-Согласно насоките на надзорниот инженер и ФИДИК експертите, беше дадена препорака за пролонгирање на рокот поради 13 нови свлечишта. Не беа побарани нови финансиски средства бидејќи сè уште има средства коишто се ставени на располагање за да бидат реализирани, рече Бочварски при денешниот увид во изградабата на брана на река Отиња во Штип.

Владата донесе одлука за продолжување на рокот за изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој почна да се гради пред една деценија по договор со кинеската компанија Синехидро. Новиот рок за овој автопат од 57 километри е донесен откако се појавија нови свлечишта и беше пробиен 31.12.2023, крајниот рок за пуштање на патот според предходните анекси на договорот.

Новиот рок е до крајот на 2026-та односно додадени се уште три години. Владата не посочи дали делници од патот во рамничарскиот дел на трасата ќе бидат пуштени порано бидејќи се скоро готови и нема ризик од свлечишта по нив.

Поврзани објави
Total
0
Share