Бомбастичната Џеј Ло ги воодушеви следбениците: Совршено затегнато тело и стомачни мускули го запалија Инстаграм (ФОТО)

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез воодушеви со најновите слики во долна облека кои го обиколија светот.

Мегапопуларната Џеј Ло и овие денови е во центарот на вниманието бидејќи уште еднаш покажа дека годините за неа се само бројка.

Атрактивната Џенифер во јули наполни 54 години, но со најновите фотки уште еднаш покаже дека има става на која може да и позавидат и двојно помладите девојки.

 

Латино ѕвездата сега позираше во провокативна долна облека за познат италијански бренд и го покажа совршено затегнато тело, а особено до израз дојдоа нејзините стомачни мускули.

Џеј Ло позираше во црно-бел градник и гаќички со ист дезен, додека на рамениците носи наметка од истата марка.

Фотките ги воодушевија нејзините 251 милион следбеници.

Под објавата сексапилната пејачка напиша:

– Кога имаш добро чувство, ништо друго не е важно.

Поврзани објави
Total
0
Share