Божиновски за КЛАН Дебата: Ако има значителна разлика во гласовите, тогаш многу е веројатно  дека ДУИ ќе биде дел од идната власт

Осврнувајќи се на можностите за пост изборни коалиции, аналитичарот Владимир Божиновски во вечерашната емисија КЛАН Дебата со Љубиша Николовски посочи дека во случајов не е само доволно ДУИ да победи за да биде дел од идната влада, туку важна е разликата и зависи колкава ќе биде таа со ВРЕДИ.

-,,Ако има значителна разлика тогаш многу е веројатно  дека ДУИ ќе биде дел од следата власт. Од 2016 година повеќе не важи правилото за коалицирање на ,,победник со победник “, но од друга страна не може да се минимизира доминантната воља доколку постои кај етничката албанска заедница. Може да се случи ВМРО ДПМНЕ да прави Влада и со партијата која можеби нема најмногу пратеници но се разбира и тоа колку е важна разликата која постои тука. Генерално, Вие не може да очекувате дека ќе бидат сите среќни после изборите. Вие не може да очекувате дека ќе се наруши одредена традиција каде некој на пример, ќе освои тројца пратеници кај албанците и тој ќе влезе во идниот парлемент. Не е таква ситуацијата и нема да биде таква после изборите.Ние уште не знаеме каков ќе биде распоредот на пратенички места меѓу ДУИ и ВРЕДИ. Она што јас можам да го кажам, е дека доколку разликата биде релативно мала, тогаш ВМРО ДПМНЕ како опозициска партија може да направи коалиција со другата опозициска партија и да нема никаков проблем”, рече Божиновски.

Петар Арсовски смета дека е подобро  да има програмски отколку етнички коалиции.

,,Невозможно да се имплементираат суштински некомпатибилни програми.Ако сакаме да ја гарнтираме заштитата против мајоризација на втората етничка заедница, што е легитимно барање, тогаш треба да разговараме за дводомен парламент. Потребно е редизајнирање на изборот на претседател.Нас не ни се допаѓа правото на бојкот, но албанците може да викаат зошто да не ви покажеме дека без наши гласови не може да изберете претседател”,тврди Арсовски.

Аналитичарот Сефер Селими вели дека Коалицијата ВРЕДИ откако го видела резулатот на 24 април сега одат на ,,Се или ништо”,дури и како губитник на изборите.

,,Во последно време се помалку слушаме дека ВРЕДИ ќе победи туку дека ќе оди во Влада со ВМРО ДПМНЕ. Ова е најлоша нивна стратегија.ВМРО и така беше токсична, сега станува нуклеарна материја за секоја албанска политичка партија која би се приближила кон нив.  Дали не е политичка криза тоа што Мицоски уште сега кажува со кој ќе коалицира? Еден лидер на една политичка партија одлучува дека без да има резултати од парламентарни избори одлучува кој ќе биде чесниот албанец а кој лошиот албанец, тоа е вовед во политичка криза”,смета Селими.

Љуљзим Фаризи укажа на фактот дека како држава, од 1991 година до ден денеска мака мачиме за да направиме поделба меѓу државата и партијата.

,,Во последно време, сакаме да неметнеме друга тема, нација-партија, партија-нација, особено ДУИ. ВМРО ДПМНЕ кога дава критики кон ДУИ за криминал и корупција, тоа не значи дека ги напаѓа албанците.ДУИ викаше дека има конкуренција, а тоа беше ВМРО ДПМНЕ.  Европскиот фронт и ВРЕДИ силите ги измерија во првиот круг, зошто тогаш не бојкотираа?Тој што ќе има 61 пратеник ќе создаде Влада. Државата не е селска кооператива.ВРЕДИ ако е чиста албанска коалиција, а коалицијата предводена од ДУИ  е мешана, па тоа нели е мајоризација на ВРЕДИ од страна на ДУИ?,нагласи Фаризи во емисијата КЛАН Дебата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share