Богоев: В сабота на конгрес СДСМ ќе одлучува за носителите на листи и за кандидатите за пратеници

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев синоќа во гостување на ТВ 24 изјави дека при одлучувањето ќе се води сметка за рејтингот, кредибилитетот и реномето на личностите, а секако ќе се внимава и на родовата и регионалната застапеност.

„Ние имаме јасна визија за иднината на државата и отворено ја кажуваме. Ние донесовме тешки одлуки, но тие одлуки беа за повисока цел. Благодарение на тоа нашата држава сега е рамноправна членка на НАТО, а ние не се плашиме да кажеме дека нашата идеја е членство во Европската Унија. За разлика од Мицкоски кој вели дека ни за 100 години нема да влеземе во ЕУ, ние сакаме Македонија да стане дел од тоа друштво кое носи повисоки плати и пензии, подобро здравство, поквалитетно образование“, рече Богоев.

Богоев истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги нуди истите луѓе кои во 2020 година беа поразени и истите кои беа трет ешалон во времето на Груевски

„Правиме анкети и гледаме граѓаните за кого ќе дадат подршка во изборната единица и согласно анкетите ги носиме кадровските одлуки викендов на Конгрес. ВМРО ДПМНЕ од понудата која што ја дава за носители, не е ништо ново, истото од 2020 година, екипа која беше поразена и екипа која беше трет ешалон во времето на Груевски. Некаде на 2 или 3 април е краен рок за поднесување на кандидатските листи за пратеници во ДИТ. Ние викендов имаме конгрес. Реномето на човекот, рејтингот, кредибилитетот кој ќе биде прв, втор, трет, се секако најважни. Да има застапеност во региони и родова застапеност и состав пратенички кој ке има сеопфатна понуда, да има од сите сфери на општественото живеење. Од друга страна истите луѓе кои 2020 ги поразивме и истите кои беа трет ешалон на Груевски сега се прв ешалон во ВМРО-ДПМНЕ и ги гледаме како носители,“ рече Стефан Богоев, во врска со понудата на носители на пратенички листи.

Во врска со екс министерт Спасовски,и негово појавување како носител на листа, Богоев посочи дека анкетите ќе покажат и согласно кои ке се донесат заклучоците.
„Изборите се тактика и стратегија,“ подвлече Богоев.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share