Биљал Касами бара да не му се верифицира пратеничкиот мандат

Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово Биљал Касами до Собранието доставил изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат и бара да не му биде верифициран.

,,Јас Биљал Касами како избран кандидат за пратеник во Шестата изборна единица на Парламентарните избори 2024, при чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого, под целосна морална, материјална и кривична одговорност, изјавувам дека се откажувам од пратеничкиот мандат и барам да не ми се верифицира мандатот од страна на Собранието на Република Северна Македонија,” стои во изјавата на Касами потпишана со датум 23 мај 2024 година, а како дел од материјалите за утрешната конститутивна седница на Собранието.

Поврзани објави
Total
0
Share