Бислимоски контра Мицкоски: Укинувањето на пристапот до мрежа од 200 денари ќе ја поскапи струјата

Ако се укине пристапот до мрежа евтината тарифа на струјата ќе се зголеми за 15 отсто, а ќе поскапат и блок тарифите, најмногу оние од првиот и од вториот блок.

Доколку се укине надоместокот за пристап до дистрибутивната мрежа во износ од 200 денари, тогаш евтината тарифа на струјата ќе се зголеми за речиси 15 отсто, а ќе поскапат и блок тарифите, најмногу оние од првиот и од вториот блок. Ова денес на прес-конференција го соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, кој, иако не го спомена, сепак, индиректно реплицираше на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека доколку формира влада ќе го укине овој надоместок. Бислимоски уште нагласи дека ваквите надоместоци се во исклучива надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, а не на политичките партии.

„Ниту некоја партија претходно ја вовела евтината тарифа, ниту пак некоја партија може да укине надоместок за приклучување на дистрибутивна мрежа. Тоа исклучително може да го направи РКЕ и тоа го правиме врз основа на факти, врз основа на бројки кои што секогаш треба да ги штитат интересите на најголемиот дел од домаќинствата“, рече Бислимоски.

Вчера, на промоцијата на изборната програма на партијата „Платформа 1198“, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски, меѓу другото рече дека ќе ја укине тарифата за пристап на мрежа.

Поврзани објави
Total
0
Share