Бесплатен јавен превоз, буџетот на Град Скопје за 2024 година има одвоено пари

ТРАНСПОРТЕРИТЕ ГИ ОЧЕКУВААТ ПРОЕКТИТЕ КОИ АРСОВСКА ИМ ГИ ВЕТИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ

Пешачи затоа што не може да ја поднесе гужвата во автобусите. Ова е Михаил Мишев кој очекува еден ден да се регулира јавниот превоз.

„Не можам да разбирам како сите граѓани на Македонија трчаат да одат во Скопје да живеат. Иако сум роден во Скопје, не ми се допаѓа поради овој јавен превоз, овој загаден воздух, овој неред, нервоза“, нагласи Михаил Mишев.

Поправка на автобусите вети и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Нејзиното предизборно ветување беше бесплатен јавен превоз за сите граѓани но и набавка на 250 еко автобуси.

„Доколку тоа го сака градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, тоа може да се направи. Ни вети дека ќе имаме субвенции. Ќе чекаме, ако има субвенции за две години ќе бидеме многу среќни, ако нема ќе ги паркираме и ќе ги оставиме автобусите бидејќи немаме можност да ги менуваме возилата“, нагласи Асир Aлија.

Субвенции, бесплатен превоз за сите се само дел од ветувањата кои Арсовска ги даде пред изборите, ова го испратија превозниците до Клан М.

„Ќе правиме субвенции, други луѓе имаат намера да крадат, додека јас сакам да направам добар јавен превоз“, рече тогаш, Данела Aрсовска, кандидат за радоначалничк на Град Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје вели дека го проектираат буџетот за 2024 година со кој се предвидува бесплатен јавен превоз. Советниците ќе заседаваат со буџетот пред Нова Година и ќе можат да ги разгледаат сите пари што ќе се потрошат за бесплатниот јавен превоз.

„Веќе го правиме буџетот за бесплатен јавен превоз за сите граѓани. И покрај тоа што советниците се трудат да не ги реализираат овие проекти за граѓаните ќе треба да одлучат и во врска со оваа одлука пред да го изгласаат буџетот“, нагласи Данела Aрсовска.

Во предизборната програма на актуелната градоначалничка на Град Скопје „За модерно Скопје“ вети бесплатен јавен превоз за сите граѓани но и екоавтобуси со цел да се намали загадувањето на главниот град особено во зимската сезона. Арсовска не откри колку пари ќе се одвојат за проектот за бесплатен транспорт, туку само рече дека тој е во фаза на подготовка на буџетот и ќе се најде пред советниците пред Нова Година./ KlanMacedonia

Со овој прилог, ТВ Клан се приклучува кон иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share