Беса: Државниот врв хистерично реагираше на посетата на Курти, го пречекавме со сите државни знамиња

Движењето Беса обвинува дека македонските државни институции имале хистерична реакција на посетата на албанскиот премиер Албин Курти, дополнета со доза на етнонационализам што било неприфатливо и против соработка за добрососедство.

Од Беса не одговараат дали за нив е прифатливо веењето на знамето на голема Албанија и тврдат дека Курти во Тетово бил пречекан со сите државни знамиња и законски постапки, а тие како домаќини не преземаат одговорност за тоа што се случувало во публиката.

– Посетата на Албин Курти го откри национализмот кој се крие во највисоките македонски државни раководители, кои за жал сѐ уште го кријат овој национализам со демократски јазик. Владата на Македонија (Ковачевски-Ахмети-Пендаровски+ВМРО) се плаши дека мобилизацијата на албанизмот ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија меѓу Скопје и официјален Белград – изјави на денешната прес-конференција Бљерим Сејдиу, потпретседател на Беса, коментирајќи ги реакциите на посетата на албанскиот премиер.

Упатувајќи критики за Отворен Балкан како „стара руска идеја промовирана во Србија“ со цел да се имплементира на Западен Балкан, Сејдиу ја дообјаснуваше идејата на Курти за засилена соработка меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Косово со цел „борба против многу големото српско (руско) влијание“ и рече дека секогаш кога се Албанците во прашање, македонската позиција и опозиција стануваат исти и не се разликуваат во ставовите.

– Она што не успеваме е да ги разбереме албанските партии во владата, кои воопшто не се разликуваат од позициите на македонските политички партии, дури и во моментите кога се презираат елементите на албанскиот национален карактер. Албанските политички партии и во овие случаи молчат, само да не ја ризикуваат својата позиција во власта – вели Сејдиу.

Според него, тука треба да се вклучи алармот бидејќи „албанскиот фактор во Македонија има итна потреба од изработка на обединета национална Платформа, со разјаснување на политичките интереси“.

– Мора еднаш засекогаш да престане институционалното понижување кое се врши врз Албанците како граѓани од втор или трет ред во оваа држава. Овие иредентистички ставови од државното раководство кон Албанците се неуставни, антидемократски, антиграѓански и нарушувачки – порача Сејдиу.

Во серијата обвинувања тој уште наведе дека во државава која претендира да стане членка на Европската Унија, сè уште да има политичари на чело на државните институции, кои продолжуваат да се хранат со иредентистички и комунистички идеи.

Одговарајќи на новинарски прашања, Сејдиу тврдеше дека Курти во тетово бил пречекан со сите државни знамиња и според сите законски прописи и тоа сите можеле да го видат. Но, додаде дека не можат да одговараат за она што се случувало во публиката на што и реагирало државното раководство.

– Премиерот Курти беше во официјална посета на општина Тетово. Пречекот беше „видлив“, со фотографии и видеа, беше со сите државни знамиња – инсистираше Сејдиу.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share