Беса бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“ за да му олесни на Курти

Движењето Беса излезе со небулозно барање Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“ , иако Македонија е еден од основачите на оваа иницијатива. Беса, која инаку е промотор на ставовите на косовскиот премиер Албин Курти во Македонија и очигледно повеќе се грижи за него отколку за интересот на нашата држава, излезе со вакво барање токму денес, кога во Тирана се одржува состанок во врска со самитот на Берлинскиот процес.И овој состанок Курти исто така необјасниво го бојкотира и место да договара регионална соработка, парадира со дронови глумејќи дека Косово станува воена сила.

Беса, која порано одработуваше за Таип Реџеп Ердоган, бара единствена регионална организација да биде Берлинскиот процес, а Отворен Балкан да се прогласи за мртов. Генералниот секретар на Беса, Абдуш Демири денес порача дека Берлинскиот процес суштински ја содржи евроинтеграцијата на сите народи, безусловно, почитувајќи ги вредностите на сите.

– Движењето Беса бара од Владата на криминалот и корупцијата, да се откаже од проектот „Отворен Балкан“, особено кога Косово е занемарено во оваа иницијатива. Заедничките проекти се реализираат само со добрососедство засновано на меѓусебно признавање и со злосторства врз народ на кој не му побарале прошка и сè уште нема одлука за геноцидот врз човештвото. Сите проекти кои ги нарушуваат интересите на народот, а особено на Косово во оваа ситуација, остануваат неприфатливи. Бараме од ДУИ (прогласена како промотор на Отворен Балкан) заедно со нивните вазали да ги следат позициите на Косово, кои се против секој проект што ја враќа албанската нација во руско-југословенски „канџи“. Воедно, ве повикуваме да не ги користите идните посети кои се организираат во Тирана за „фотосесии“ на мрсните вечери што се служат во овие времиња на кризи и конфликти на Балканот и пошироко. Движењето БЕСА продолжува да биде против каква било иницијатива, која нема да се заснова на добрососедство, проевропска агенда и меѓудржавно меѓусебно признавање, порача меѓу другото Демири.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share