Белото знаме е метафора: Папата Франциско ја повикува Украина да преговара а не да се предаде

Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан, Матео Бруни изјави дека папата Франциско во интервју за швајцарскиот јавен сервис RSI, кое беше претходно објавено, не побарал од Украина да се предаде, како што објавија некои медиуми, туку имал намера да повика на прекин на огнот и да укаже на „храброста на преговорите“.

Папата ја искористил метафората на „бело знаме“ за да укаже на важноста од прекин на непријателствата, примирје постигнато преку храброста на преговорите. На друго место во интервјуто, говорејќи општо за војната, Папата јасно ставил до знаење: „преговорите не значат предавање “ – рекол Бруни, пренесува Vatican News.
Папата смета дека барањето за преговори не значи дека тоа ќе ја легитимира посилната страна во конфликот.

Поглаварот на Римокатоличката црква истакна дека преговорите се можни со помош на меѓународните сили и дека е неопходно да се има „храброст да се преговара“, додава Vatican News.

Ројтерс и бројни други светски медиуми претходно објавија дека папата Франциско рекол дека Украина треба да најде храброст и, како што наведе, да подигне „бело знаме“ и да преговара со Русија за завршување на војната.

Поврзани објави
Total
0
Share