Белгија го вклучи алармот против „руското мешање“ 

На помалку од два месеци пред европските, но и федералните и регионалните избори, Белгија го вклучи алармот за присуство на проруските мрежи на нејзина територија за кои се тврди дека се обидуваат да влијаат врз изборниот процес во земјата, започнувајќи истрага за обиди за руско мешање и влијание. Белгија беше спомената меѓу групата земји во кои „симпатични политичари“ добивале средства од Русија со цел во јавноста да даваат афирмативни изјави и коментари за Москва.

Според чешкиот медиум „Деник Н“, веб порталот „Гласот на Европа“, регистриран во Прага и финансиран од Москва за ширење пропаганда, им исплаќал пари на 16 белгиски, германски, полски, унгарски, француски и холандски политичари со цел да се обезбеди во Европскиот парламент да има што поголем број проруски пратеници. Меѓу политичарите кои примале пари од Русија, „Деник Н“, но и германскиот магазин „Шпигел“ ги посочија кандидатите за европратеници на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Петер Бристон и Максимилијан Крах, но тие ги негираа ваквите тврдења.

Имињата на останатите осомничени не се споменуваат, но се претпоставува дека станува збор за политичари од редовите на екстремно десничарски партии, кои во принцип важат за симпатизери на Русија.Дополнително во сите споменати земји има влијателни екстремно десничарски партии, кои се очекува да освојат неколку десетици мандати во Европарламентот.

Поврзани објави
Total
0
Share