Бектеши се договори со маркетите: Од среда 50 прехранбени производи ќе бидат најмалку 10 отсто поевтини

Околу 50 прехранбени производи од среда следната недела треба да поевтинат за најмалку 10%, најави министерот за економија Крешник Бектеши по денешната срдба со претставници на осум најголеми ланци супермаркети во земјава. Намалените цени ќе ги контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) со зголемен капацитет.

„Владата ќе ја усвои одлуката на редовна седница која се одржуваа во вторник. Од среда ДПИ со зголемен капацитет ќе биде на терен и очекуваме намалување од минимум 10 % на одредени производи кои ќе ги објавиме во текот на наредната недела. Се зборува за над 50 основни прехранбени производи. Референтна цена ќе биде една од цените од претходните месеци“, рече министерот Бектеши.

Претставниците на супермаркетите биле согласни на намалување на цените на основните прехранбени продукти, а министерот Бектеши очекува овој пример на соработка да го следат и другите сектори.

Министерството за економија подготвува и дополнителни мерки.

„Мерките ќе бидат и за дистрибутерите и за производителите кои најверојатно утре ќе бидат викнати на состанок во Министерството за економија. Најважно од се е дека потрошувачите во нашата држава нема да се чувствуваат измамени“, рече министерот Бектеши.

За дополнително намалување на цените Бектеши вели дека до крајот на следната недела ќе биде изготвено и новото законско решение за нефер трговски практики со кое ќе се укинат нас 20 % од одредени давачки во ланецот на трговија, почнувајќи од производство па се до малопродажба.

Следната недела Министерството за економија, освен одлуките за намалување на основните прехранбени производи, ќе направи измени и дополнувања на Законот за државен пазарен инспекторат и ќе ги зголеми ингеренциите на ДПИ за да можат да постапат веднаш, без да мора да поминат одредени постапки имајќи предвид дека треба да бидат експедитивни.

Одлуката за намалување на цените на прехранбените производи доаѓа по неколкукратните изјави на владините претставници дека супермаркетите, однесувајќи се нефер и неетички, ги креваат цените на прехранбените производи.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share