Бев во друг филм, не ми паѓаше на ум дека ќе бидам претседателска кандидатка

Немав амбиции, на ум не ми паѓаше дека ќе се најдам на ова место, меѓутоа поканата дојде на еден шеговит начин, во комуникација со Димитар Апасиев за сосема трета работа, рече универзитетската професорка и кандидатка на Левица за претседателка на Македонија, Билјана Ванковска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тој ми рече „вас ве планираме за кандидат“ на што јас му одговорив со смеење со солзи. На тоа тој возврати „не се смејте, треба да разговараме“. Кога дојде разговорот, јас реков зошто не е добро, мислев дека сум излегла од форма во јавните настапи, сега гледам дека можеби и не е баш така. Бев во друг друг, меѓутоа дома потоа мојот партнер ме соочи со една морална дилема, бидејќи го знае и споделува моите убедувања, вредносен систем, знае дека сум левичар. Ми рече ако овојпат не застанеш зад Левица, а цело време се декларираш и залагаш за некои такви вредности, принципи, тогаш во иднина ќе нема морално право да пишуваш колумни, да попуваш, да кажуваш нешто, затоа што си ги извисила тогаш кога е потребно“, изјави Ванковска.

Тоа, според неа, била сериозна дилема што ја земала во предвид.

Поврзани објави
Total
0
Share