Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го повика американскиот Конгрес итно да одобри двопартиски нацрт-закон за национална безбедност со кој ќе се обезбеди финансиска помош за Украина и Газа.
„Го повикувам нашиот Конгрес да го направи својот дел“, рече Бајден на настанот „Ручек на пријателите на Ирска“ посветен на ирскиот национален празник Денот на Свети Патрик, чиј домаќин беше претседателот на Претставничкиот дом Мајкл Џонсон.
Бајден му се заблагодари на раководството на Ирска за помошта на Украина и истакна дека е „решен да продолжи да придонесува“.

Поврзани објави
Total
0
Share