Барса доби понуда за тинејџерот вредна 200 милиони евра!

Ламин Јамал е дефинитивно новото фудбалско „чудо од дете“ и интересот за него расте со секој изминат натпревар на неговата Барселона. 16-годишникот уште еднаш ги покажа своите квалитети и беше најзаслужен за триумфот над Мајорка со 1-0, а навивачите се презадоволни од неговиот перформанс и упатија големи пофалби за тинејџерот.
Барса сигурно ќе биде на слатки маки и ќе има одличен „адут во ракавот“ за следните сезони, но прашање е дали клубот ќе може долго да го задржи Јамал кај себе. Играчот е роден во 2007 година, а неговата вредност во моментов се проценува на вртоглави 60 милиони евра. Неговата цена ќе расте со секој изминат ден, а за тоа доволно говори и фактот што сезонава досега забележа учинок од шест голови и седум асистенции, што е неверојатен учинок за 16-годишен фудбалер.
Угледниот спортски новинар Марсе Луис Рохо, објави дека Барселона веќе ја добила првата астрономска понуда за Јамал, а истата доаѓа од францускиот ПСЖ, кој наводно веќе понудил 200 милиони евра за трансфер на младиот Шпанец. Се претпоставува дека Барселона не е подготвена за продажба, но лошата финансиска ситуација на клубот би можела да биде пресудна за конечната одлука.
Каталонскиот гигант отсекогаш важел за клуб кој им дава шанса на своите млади таленти, но со оглед на ситуацијата, судбината на Јамал би можела да биде поинаква од оние на Чави, Иниеста, Пујол и останатите ѕвезди од минатото.

Поврзани објави
Total
0
Share