Барди дефинитивно нема да игра против Хрватска и Чешка

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди нема да биде во комбинација за пријателските натпревари со Хрватска и Чешка поради повреда. Селекторот Благоја Милевски, барем засега нема да повикува нов фудбалер.

Барди се повреди за време на последниот натпревар од турското првенство играјќи за својот тим Трабзонспор. Фудбалерот од средниот ред има истегнување на лигаментите на десното рамо и не е во можност да и помогне на Македонија во јунските контролни натпревари. Селекторот Милевски барем засега нема да повикува нов фудбалер на местото на капитенот и ќе се потпира на оние 26 играчи кои претходно се најдоа на списокот.

Нашиот тим прво гостува во Риека кај Хрватска на 3.јуни, а седум дена подоцна играме и со Чешка во Храдец Кралове.

Репрезентацијата вчера го имаше првиот собир во Скопје, каде ги почна подготовките за претстојните дуели.

Поврзани објави
Total
0
Share