Ахмети со честитка за 24 мај: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите во духот на меѓусебното почитување

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

,,Секој народ ги постави темелите на својот мајчин пишан јазик со неуморната работа на многу мисионери кои го запечатија неговото вечно постоење. Универзалниот јазик на народите е знаењето, единствениот пат кон напредокот, затоа на сите мои сограѓани од македонската заедница им го честитам 24 мај – денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Секој ден да размислуваме за пожртвуваноста на сите образовни мисионери и да работиме заедно за правилно образование на генерациите во духот на меѓусебното почитување на сите идентитетски вредности “– напиша Ахмети на Фејсбук.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share