Ахмети-Силјановска: Таа е професорка по меѓународно право која не ги знае законите!Случајот со Трибуналот е затворен!

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во емисијата „Дебата плус“ на ТВ Клан Македонија ја коментираше изјавата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, за осудата за воените злосторства од 2001 година во Меѓународниот трибунал за воени злосторства.Ахмети рече дека Силјановска- Давкова и покрај тоа што е професор по меѓународно право не ги познава законите.„Таа е професорка по меѓународно право и не знае меѓународно право. Kaко командант на Ослободителната национална армија ја потпишав амнестијата на завојуваните страни, ова го потпишаа и САД и тоа е гаранција. Им кажав на меѓународните фактори дека во оваа држава во 45-тата се убиени Албанци, но дали ми гарантирате дека тоа нема да се повтори? Ја извадив јакната и им ја дадов, јакната со крв на војник, после 20 години јавноста ја има таа фотографија. Случајот е затворен. Трибуналот ги врати случаите бидејќи немаше аргументи. Два пати што се обиде Хаг, одговорија Тарчуловски и Бошковски, ниту војник, ниту командант. Сум одговарал пред трибуналот и сум одговарал за се, од командант до други датуми. Ја презедов одговорноста дека јас сум одговорен за се, а не моите војници“, изјави Ахмети.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share