Ахмети му порача на Мицкоски: Пораснат си со гурабии, не си ја барај бељата, бирај ги зборовите, уште си млад

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“ му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил да внимава што зборува бидејќи уште е млад и устата млеко му вадела.

„Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со бисквити. Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља . Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, порача Ахмети.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share