Ахмети и Реџепи потпишаа договор за коалиција,, Европски фронт”

ДУИ на Али Ахмети и Народното движење на Скендер Реџепи ја потпишаа коалицијата наречена „Европски фронт“. Засега, остануваат двете партии, без потпис на крилото на Алијансата за Албанците на Зијадин Села. Според претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека само со членството во Европската Унија може да се спречи младите да си одат од Македонија.

„После 23 години, ние успеавме. Постепено, сите заедно, бидејќи големите нешта не се прават сами. Ова обединување на Албанците во Република Македонија, бидејќи нештата во глобалната политика чекорат лошо. Немаме ништо против политичките партии, но немаат капацитети да се соочат со сите настани што се случуваат во Европа и Блискиот исток. Затоа, ова обединување е повеќе од потребно. Треба да се поддржи од турската заедница, ромската заедница. Ви настапуваме навистина чесно. Затоа мораме сите ние едногласно да ги поддржиме овие обиди кои произлегуваат од срцето, затоа што Албанците историски изгубиле во одлучни моменти, кога не биле обединети. Да ги реализираме соништата на нашите предци. Да ги зајакнеме нашите позиции, да не паѓаме во заседа на пропагандата на партиите, туку да ја гледаме нашата историска мисија, да ја држиме во живот успешно и на 24 април да го поддржиме нашиот кандидат за претседател, Бујар Османи и да продолжиме и на 8 мај, да победи „Европскиот фронт“, затоа што токму ова е мисија која тече. Јас сум рекол дека ние правиме максимални обиди за нашата земја да чекори кон Европската Унија, затоа што тоа е единствена алтернатива. Како може да го стопираме тоа што нашите луѓе бегаат, тоа може само со членство во ЕУ. Тоа го сториле сите земји членки, нивните луѓе повторно се враќаат во своите земји. И регионот има потреба за поголема стабилност. Ние велиме „да“ за ЕУ, „не“ за Русија. Имаат партија кај нас, имаат медиуми кај нас и сакаат да го спречат нашето членство во Европската Унија. Осми мај е референдум, дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад“, рече Ахмети.

Тој посочи дека се во тек преговори и со други политички партии, со став дека е процес отворен подолго време.

„Зборуваме со сите, и со Алијанса за Албанците, и со господинот Тачи и со Аријанит Хоџа и со турската партија и со ромската партија да се приклучат во оваа коалиција“, вели тој.

Лидерот на Народното движење, Скендер Реџепи најави промени во судството и обвинителството и најави дека „Европскиот фронт“ ќе докаже дека има доволен капацитет да покаже, не дека само ќе ги освојат изборите туку многу повеќе. Ги повика во „Европскиот фронт“ да се приклучат и други политички субјекти и невладини организации.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share