Африм Гаши избран за претседател на Собранието

Со 76 гласа „за“ и шест „против“ Африм Гаши е избран за претседател на Собранието. Со неговиот избор и давањето на свечената заклетва заврши конститутивната седница на Собранието. За новата функција Гаши беше предложен со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“.Претходно Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ рече дека Африм Гаши е кандидат кој има големо искуство во Собранието и дека ги исполнува сите услови да биде нов собраниски спикер.

Амар Мециновиќ од Левица, пак, рече дека токму Гаши ја спаси минатата влада да не падне и сега го крунисува тоа со нова функција, а во последните 100 дена ќе биде и премиер.

Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ во реплика рече дека жали што граѓаните морале да бидат сведоци на однесување во кои, како што кажа, неколку луѓе се обидоа да прават реално шоу.Нагласи дека шансата за добро однесување Левица ја пропуштила кога го одбила повикот за национално помирување пред парламентарните избори и кога во вториот круг од Претседателските избори одлучиле да го бојкотираат изборот на Гордана Сиљановска Давкова за претседател на државата.Посочи дека во пола милион гласови што ги добиле на изборите имало гласови од сите граѓани од различни етнички припадности во земјава.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share