Апелација: Јанакиески излегува во јуни на слобода, за Мијалков ќе одлучува Кривичен суд

„Согласно донесеното решение, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот Миле Јанакиески наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело“, стои во решението на Апелациониот суд Скопје.

Судот ја прифатил жалбата и на само мијалков кој издржува казна во струшкиот затвор, откако по признанието вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“. Случајот сега се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд, па се очекува Кривичниот суд да постапи по насоките од повисокиот суд и да го ослободи Мијалков, кој исполнува услов за предвремен отпуст.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share