Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

,,Мислам дека Али направи за првпат сериозна грешка. Досега играше маестрално со нашите недоквакани политичари.Грешката е во тоа што дури 9 од своите пратеници им ги отстапи на коалиционите партнери. Загуби уште еден при прегласувањето. Дел од тие што ги има, ќе бидат купени” рече Апасиев во интервју за ,,Слободен печат.”

Пратеникот Апасиев се осврна и на пратениците од ДУИ:

,,За првпат Али ги стави старите кадри. Тука се: Муса Џафери, Блерим Беџети, претходниот спикер – сегашен премиер… Тие веќе не ти градат парламентарна кариера. Тие луѓе нема да поднесуваат акти, тие ќе си спијат, ќе доаѓаат само за гласање… Младата екипа негова – младите орлиња му ги нема на пратеничката листа, нема кој да му ја води парламентарната група и тие ќе се изгубат комплетно. Мислам дека стратешки погреши и веќе сфатија дека е пуштен низ вода – додава Апасиев.

Поврзани објави
Total
0
Share