Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Од ДКСК велат дека сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и од Изборниот законик се основани и со тоа приговорот поднесен од страна на Силјановска-Давкова се усвојува.Оттаму најавија дека ќе преземат мерки согласно надлежностите и ќе иницираат постапка за утврдување на одговорност пред надлежните органи.Против одлуката е дозволена тужба до Управниот суд.Силјановска-Давкована 6 април поднесе приговор до Антикорупциската комисија, според кој Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заславала работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.Во приговорот се вели дека Аладемијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошки тест и тестот за интегритет, на 29 март објавила и распоред за полагање на квалификациски тест.

Поврзани објави
Total
0
Share