Антикорупциската комисија има доказ дека ја испратиле претставката до Судскиот совет за Мерко

,Не знам како да го искоментирам реагирањето на Судскиот совет, дали е тоа начин само да се префрли топката – ‘еве не сме ние највиновните’. Зошто не сме ги прашале откако сме им ја доставиле претставката, дали си ја завршиле работата. Имаме доказ, имаме испратница од пошта дека сме ја пратиле претставката, а на прес-конференцијата што ја имавме за Мерко ја покажавме испратницата со потпис на Судскиот совет дека е примена“,вели Пејовска-Дојчиновска.

Нејзината изјава следува откако Судскиот совет ги отфрли како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупцијата за непостапување, на предмет во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.За Судскиот совет се неосновани наводите на ДКСК дека загубиле документ против Мерко – денеска тричлена комисија на советот ќе го „чешла“ струшкиот суд

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share