Ангелов за КЛАН ТВ: Ако СДСМ  победи на изборите и ме побараат за директор како професионалец , ќе прифатам ,но за плата од 5000 евра

Ангелов во вечерашната емисија КЛАН дебата говореше и за причините поради кои се одлучил да коалицира со ВМРО ДПМНЕ. Со Мицкоски имал комуникација 2,5 години. ВМРО ДПМНЕ дале поддршка на нивната иницијатива за обештетување на семјствата на бранителите и Ангелов е убеден дека тоа ќе се случи доколку победат на изборите.

,, СДСМ покажа голем демократски капацитет но не успеа да  се погрижи за она што го баравме, да се донесе Закон за бранителите.Се работи за голема неправда.Јас и во СДСМ и во ДУИ имам одлични колеги и пријатели.И додека бев во владата јас бев критичен. Јас потекнувам од десниот блок и СДСМ ги знаееја моите ставови.ДУИ беше товарот што не му дозволи на СДСМ да изработи како што треба. Многу важен момент е што Ковачевски министерката Петровска ни дадоа поддршка и тоа треба да  се пофали”,рече Ангелов.

Прашан, што доколку  СДСМ победи на изборите, дали тој ќе го напушти ВМРО ДПМНЕ и ќе им се врати на СДСМ, Ангелов со став:,,Да, ако ме побараат како професионалец, но за плата од 5000 евра”.

Претседателот на Достоинство, Ангелов порача дека е неопходно да се направи комплетна трансформација на општеството , да  се укине Балансерот  при вработувањето како и да се спроведат реформи со што ќе се овозможи влез на нашата држава во Европската Унија.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share