Амбасадорката на САД со честитка до Tалат Џафери

АГЕЛЕР: ВЕ МОЛАМ, СЛОБОДНО ДА МИ СЕ ЈАВИТЕ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ!

Честитки за премиерската функција до Талат Џафери пристигна и од Амбасадата на САД во Скопје, известува КланМ.

Во честитката на амбасадорката, Ангела Агелер, се вели дека „иако за краток период, вашиот избор на чело на владата е моќна порака дека Северна Македонија ја зајакнува својата различност и богато наследство. Како прв албански премиер во историјата на оваа земја, верувам дека сте и треба да бидете многу горди – пишува амбасадорката Агелер.

АНЏЕЛА АГЕЛЕР, АМБАСАДОРКА НА САД  ВО РСМ

“Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата соработка на исклучително важното патување на европската интеграција. Секогаш сте имале и ќе ја имате силната поддршка од Амбасадата на САД во Скопје. Ве молам слободно јавете ми се во секое време“.

Премиерот Талат Џафери, како што соопштува Клан М, во текот на денот се сретна и со амбасадорите на Албанија и на Косово во Скопје.

Според соопштението, со амбасадорот на Албанија, Фатос Река, се разговарало за заедничкато определувањње за зајакната регионална економска интеграција, поддржана со потпишаните протоколи за имплементација на условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, за меѓусебно поврзување во шемите за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, како и за инфраструктурната интерконекција преку коридорите 8 и 10.

На средбата со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја, како што известува КланМ, биле потврдени заложбите за продлабочување на меѓусебната соработка, за зачувување и унапредување на одличните односи на добрососедство и економска соработка, додека премиерот Талат Жафери го повторил својот афирмативен став за пристапување на Република Косово во сите мултилатерални и регионални организации и иницијативи..tvklan.mk

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share