Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Советот на општина Тирана на денешната седница донесе одлука со која за почесен граѓанин го прогласи претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, јавија медиумите.– На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Советот на општина Тирана денеска едногласно одлучи да му додели титула „Почесен граѓанин“ на албанскиот политичар Али Ахмети, во знак на благодарност за целиот негов придонес кон албанската заедница во Северна Македонија, јавија медиумите.

Титулата почесен граѓанин на Ахмети се очекува да му биде врачена на 2 мај, од страна на Велиај. Претходно за почесен граѓанин Ахмети беше прогласен во косовскиот град Призрен.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share