Али Ахмети од Струга: На 8 мај да ја запечатиме победата на Европскиот фронт, да го заокружиме бројот 4

Денеска пред стружани се обрати претседателот на ДУИ, Али Ахмети со своите соработници, кој им се заблагодари на сите за поддршката и побара на 8 мај да биде запечатена големата победа за да се придвижи државата напред.

“Денеска дојдов со една цел, да ви се заблагодарам за големата поддршка овде во Струга, за тековната мисија. Механизмот што ги распостранува содржајните зраци на платформите се челниците на штабовите, мобилизирачката гарда за да се продре до целта. Платформата “Да за Европа, Не за Русија” беше наша. Опозицијата сакаше само уништување на ДУИ. Ги разбирам и двете, затоа што им удри сонцето, но народот одлучува дали ДУИ ќе се уништи или не. 24 април го докажа тоа и потврди дека ДУИ не се распаѓа, но сега оваа ДУИ работи и делува и со неа има уште 8 субјекти и овој Фронт на 24 април се соочи со опозицијата “ВРЕДИ”, а на 8 мај се соочуваме и со ВМРО. Нашата мисија продолжува, сакаме земјата да биде полноправна членка на ЕУ, бидејќи немаме друга алтернатива.На земјата и треба повеќе мир, безбедност, стабилност бидејќи недалеку од нас има големи војни ,Европа е загрижена и покрена мобилизација на воената технологија. На 8 мај мора да победи субјектот чија мисија е членството на земјата во ЕУ, бидејќи успешно го завршивме членството во НАТО, од кое корист имаат сите граѓани”, рече Ахмети.

Кандидатот за пратеник Муса Џафери рече дека ние не сме себични како политичка партија, ние сме за општиот интерес заедно со другите етникуми, бидејќи од нас се бара да бидеме заедно за да направиме некои промени кои државата ги бара за да оди напред.

,,Во 2014 година ветивме дека земјата ќе стане членка на НАТО, сега е членка, а денес ветуваме дека во следниот мандат земјата ќе стане полноправна членка на ЕУ”,порача Џафери.

Јетон Шаќири како координатор во изборнате аединица 5,им се заблагодари на претседателите на штабовите и на сите активисти и соработници кои беа активни на денот на изборите . Пред претседателот на ДУИ Али Ахмети гарантираше дека на 8 мај ќе бидат поуспешни отколку на 24 април.

Кандидатите за пратеници Арјета Ала, Атиџе Ајро и Мухамед Халили истакнаа дека Европскиот фронт пред се претставува предизвик, посветеност и обврска и дека изборната единица број 5 заслужува повеќе за достоинствено претставување, и на 8 мај ќе ја запечати големата победа.

Видео: https://fb.watch/rJ_tEls5YK/ https://we.tl/t-5oCH22ABBL

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share