Али Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик, на 8 мај ја продлабочуваме победата со број 4

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, после посетата на Кичево, со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места Дебреше, Житоше и Борин од општина Долнени.

,,Никој не бил полегитимен претставник од нас, сега сме уште посилни со Фронтот, мора да бидеме сите и да бидеме сигурни дека заедно сме браќа”, рече Ахмети.

,,Работите се толку напорни, но ви ветувам дека повторно ќе дојдам во секое населено место, сум бил и пак ќе дојдам. За прв пат се случува да ги имаме сите со нас, Бошњаци, Турци. Зошто ги земаме сега? Бидејќи станавме силни, за албанското прашање сме имале многу заложби, а сега овој Фронт е изграден како челик, не само за овие, туку и за следните избори. Немало полегитимни претставници отколку што сме биле ние, сега сме уште посилни со Фронтот, мора да се здружиме сите и да бидеме сигурни дека заедно сме браќа. Имаме уште многу работа и овој сојуз е направен затоа што регионот мора да има стабилност. Имаме војна насекаде како во Украина и на Блискиот Исток, мораме да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ја снајде земјата ако ги ставиме Бугарите како уставна категорија.Охридскиот договор не направи ништо лошо за државата”, изјави првиот човек на ДУИ Ахмети.

Кандидатот за пратеник,Муса Џафери изјави дека резултатот од 24 април бил максимален. ,,Овие две општини го дадоа својот максимум и се надевам дека и во Долнени ќе победиме како и во Крушево. Имавме еден резултат што Европскиот фронт ја прави прва партија во Долнени и ова е најголемата победа”, нагласи Џафери.

Другиот кандидат за пратеник, Исмаил Јахоски, рече дека ни треба уште поголема победа.

,, Сите треба да размислиме на 8 мај да прославиме уште една поголемата победа. Како Фронт заслужуваме повеќе, бидејќи секогаш сме биле на ваша услуга и ќе продолжиме со истиот тренд, потенцира Јахоски.

Кандидатот за пратеник Мунир Колашинац, рече дека како Бошњаци имаат свои права кои мораат да ги остварат, а тоа можат да го направат само ако се заедно како што се сега.

,,Сето тоа е заслуга на нашиот лидер и визионер, Али Ахмети. Сакам да ве замолам за една чест што како Бошњаци за прв пат ги надминуваме сите предизвици и гласаме за да ги оствариме нашите права, затоа што само така ќе можеме, мора да ја поддржиме оваа иницијатива на лидерот Ахмети и да го трасираме патот за уште 100 години”,порача Колашинац.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share