Али Ахмети: Комуникацијата со Косово продолжува, ќе градиме пат до Призрен

Косовскиот премиер Албин Курти денеска го испрати министерот за ќивотна средина Либурн Алиу кај Али Ахмети, кој на денешната прес-конференција во Тетово рече дека комуникацијата со Косово продолжува без промени.

Министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу денеска на барање на премиерот Албин Курти оствари средба со првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Алиу рече дека на средбата се разговарало за патот Тетово-Призрен, а нагласил дека надлежните се во фаза на финансиски договор за тунелот што ќе треба да се изгради.

„Сакам да го поздравам присуството на Либрун Алиу, министерот на Косово, на иницијатива на премиерот на Косово, Албин Курти, со најдобра намера да продолжи комуникацијата како што беше во минатото. Оваа комуникација треба да продолжи бидејќи секоја соработка со земјите од регионот како Косово, Албанија, Бугарија, Грција и Србија не прави да сме силни инвеститори во однос на мирот, стабилноста, безбедноста и мирот во регионот кој е вознемирен од конфликти и војни повеќе од 20 години . Посебно внимание беше посветено и на патот Призрен-Тетово, со својата извонредна економска вредност за двете наши земји, бидејќи патиштата го олеснуваат сообраќајот, сообраќајот развива напредна економија и верувам дека владините тимови активно ќе се занимаваат со оваа проблематика за проектирањето да биде е завршено во најкраток можен рок.“ – рече Али Ахмети на прес-конференцијата со Либурн Алиу – министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share