Алил Демири е на слобода, тврдат косовските медиуми

Алил Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција по меѓународна потерница за убиствата кај Смилковско Езеро, е ослободен.

Веста ја потврдил неговиот адвокат Бесник Бериша, пренесуваат локални медиуми.

„По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето. Алил Демири сега е на слобода“, изјавил неговиот адвокат Бесник Бериша.

Адвокатот Бериша и вчера кажал дека притворот и апсењето на Демири е извршено незаконски и претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права.

Бериша синоќа изјавил дека Демири не може да биде екстрадиран во Република Северна Македонија бидејќи барањето на македонските власти е одлучено и одбиено од косовскиот суд во двата случаи.

„Алил Демири е незаконски уапсен и задржан во притвор, врз основа на наредба на интерпол за предмет кој веќе го води нашиот суд. Барањето на властите во Македонија за негова екстрадиција е веќе одбиено од косовскиот суд во двата случаи.

Не може да биде екстрадиран во Северна Македонија и убеден сум дека утре ќе се врати кај семејството и пријателите“, рекол Бериша, пренесуваат косовските медиуми.

„Неговото апсење и приведување било погрешно и претставува незаконско дело. Тој треба да биде ослободен бидејќи секоја минута помината во притвор претставува флагрантно кршење на законските и уставните права на Алил Демир“, изјавил адвокатот Бериша.

„Тој е, и останува невин за криминалот конструиран и извршен од тајните служби, а за кој зборуваше и самиот поранешен премиер на Северна Македонија“, заклучил Бериша.

Инаку, случајот „Монструм“ е познат во јавноста и е поврзан со петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012 година, а за ова дело, дел од шестмината обвинети, се осудени на доживотен затвор, а дел на максимална казна.

Ден претходно беше објавено дека полицијата на Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лишила од слобода 38-годишниот Алил Демири.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share