Азербејџанскиот претседател му понуди помош на Иран

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека е длабоко погоден од веста за падот на хеликоптерот на иранскиот претседател, откако претходно истиот ден пријателски се прости со Ебрахим Раиси и му понуди помош на Иран, како и Ирак.

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на Иран се урна во неделата додека леташе над планинска област во густа магла при враќање од границата со Азербејџан, изјави ирански официјален претставник за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.Раиси отпатува до границата со Азербејџан за свеченото отворање на браната Киз-Калаиси, што беше заеднички проект.„Денеска, по пријателската разделба со претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, длабоко сме погодени од веста за падот на хеликоптерот во Иран во кој се наоѓаше највисоката делегација“, рече Алиев.„Како сосед, пријател и како братска земја, Република Азербејџан е подготвена да понуди секаква неопходна помош“, додаде тој.Ирак, исто така, му понуди помош на соседен Иран во напорите за потрага и спасување.„Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани побара од Министерството за внатрешни работи, ирачката Црвена полумесечина и другите релевантни тела да ѝ помогнат на Исламската Република Иран во потрагата по хеликоптерот на иранскиот претседател“, изјави владиниот портпарол.

Поврзани објави
Total
0
Share