Адеми: Нема да бидеме опозиција, ќе ги добиеме изборите

Талат Џафери не е технички премиер, таков поим не постои, вели координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми во гостувањето на „Трилинг.

Прашан дали ДУИ е подготвен за опозициско делување по избори доколку не се исполни ветувањето претседател на државата да се избира во Собранието, рече дека нема зошто ДУИ да биде во опозиција доколку добие поддршка од граѓаните.

-Ова е дежа ву прашање како во 2020-та кога настапивме со предлог прв премиер Албанец. Талат Џафери не е технички премиер, таков поим не постои. Ние мислиме дека на граѓаните треба да им нудиме прогресивни решенија. Не значи наметнување, надгласување. Зошто ДУИ да биде во опозиција ако ја ужива поддршката на граѓаните. Ние во 2006 видовме дека институциите не можеа да функционираа. Не гледам зошто би имале отпор кон некоја прогресивна идеја, рече Адеми.

Според него, бојкот на вториот круг за да се пропадне изборот на шеф на државата не е соодветно решение. 

-Нема да бидеме опозиција, ќе ги добиеме изборите. Ние уште во овој мандат рековме ајде широка влада и имавме предизвик од ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за уставни измени, без ДУИ. Прифативме. За нас е битна иднината на државата. Кај одиме со популизам и национализам. Уставните измени треба да ги носиме час поскоро. Без калкулации, колку ќе добијам, колку ќе изгубам како партија, рече Адеми.

Црвените линии на партијата, според координаторот на пратеничката група на ДУИ, се меѓународните договори.

-Имаме црвени линии, битен е Рамковниот договор, Преспански договор, Договор за добрососедство на Бугарија, независноста на Косово. Се појавуваат политички партии кои сакаат да го отрујат народот со лажен патриотизам. Само не треба да потпаѓаме на стапицата на популистите. Кој се залага повеќе од ДУИ да бидеме дел од ЕУ, не сум слушнал некој да асоцира на ДУИ поврзано со криминалот во државата, вели Адеми.

Поврзани објави
Total
0
Share