Адел го прекина настапот и ја праша публиката: Дали би отишле да го видите Титаник?

Пејачката проговори за трагедијата на подморницата Титан, во која животот го загубија пет лица, а веста за имплозијата стигна на денот на нејзиниот настап. Таа рече дека тоа е „тажен и трагичен настан“, а потоа додаде дека таа и нејзините пријатели дебатираат дали би отишче на подморница.

Во клип што оттогаш стана вирален на „TikTok“, Адел рече: „Сите велат: „Јас никогаш не би го направила тоа“. Но, тоа е лага бидејќи многу луѓе би го направиле тоа“.

Таа потоа ги повика присутните да гласаат, откако уште еднаш нагласи колку настанот бил тажен и трагичен.

„Но, пред оваа недела, колку луѓе, ако можат, би отишле на самото дно на океанот за да го видат Титаник? Кренете ги рацете“, ги прашала таа.

Откако повеќето одговориле дека нема да одат до потонатиот брод, Адел се согласила со нив и додала дека не е храбра личност и дека „се плаши од се“.

„Не би отишла ни на тобоган. Но, исто така, искрено не ме интересира ниту длабокото море или вселената, па тоа е причината“, рече таа.

Видеото собра повеќе од 883.000 прегледи и 94.000 лајкови.

„Уште една причина да ја сакам, таа е толку реална“, „Би дал сè за да го видам нејзиниот групен разговор со нејзините пријатели“, „Таа е многу смешна, ја сакам“, се само дел од коментарите на фановите.

Поврзани објави
Total
0
Share