Автобус на македонска туристичка агенција имал сообраќајна несреќа во Италија, при што загинал возачот. Како што информираат од Министерството за надворешни работи според досегашните информации на Амбасадата во Рим несреќата се случила на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона.Во сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“, велат од МНР. Од нив само еден е пренесен со хеликоптер во регионалната болница Торете ди Анкона, а еден во регионалниот траума центар, а најголем дел од повредените се згрижени во Сан Бенедето дел Тронто и Мури ди Фермо.Според информациите на локалната станица на јавниот сервис РАИ, несреќата се случила во тунел утринава нешто по 9.30 часот, кога се судриле автбусот со македонски државјани и два камиона. Едниот камион возел алкохолни супстанци и се запалил. Пожарот го гаселе три противпожарни возила.Од МНР велат дека преку Амбасадата во Рим се во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.
Поврзани објави
Николоски од Белград: Една од главните заложби на Владата и моја е изградба на брза пруга Скопје-Солун
Подобрување на инфраструктурата, особено во делот на Коридорот 10, е една од темите на кои ќе зборуваат со…
04.09.24 16:18
Инспекторите од утре ќе ги контролираат маржите на училишниот прибор
Од ДПИ велат дека ќе постапуваат исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуката, но оти…
04.09.24 16:14
50 % роденденски попуст за 5 години А1
А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на…
04.09.24 16:12