Аврамовска Мадиќ за КЛАН ТВ:Без внесување на Бугарите во Уставот нема евроинтеграции, нема напредок во државата

Говорејќи за уставните измени во вечерашната КЛАН дебата со Љубиша Николовски, заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ порача дека доколку сакаме да влеземе во ЕУ, Бугарите мора да влезат во Уставот за да можеме како држава да продолжиме по европскиот пат.

,,Мора да се отвори Уставот за да се отпочне со европската агенда. Без тоа нема евроинтеграции, нема напредок во државата.Ние, како држава го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик и културата и сето она што е битно за една држава и мултиетничко општество. СДСМ изминатите 7 години покажа дека е државотворна партија.Секое натамошно дискутирање, прифаќање во кампањата на реални или нереални предлози за отворање на Уставот може да се дискутира понатаму по формирањето на новата Влада и прифаќање на некои други промени во Уставот”,рече Мадиќ.

Мадиќ смета дека доколку се отвори Уставот тогаш може да се дискутира за повеќе прашања и барања на сите политички чинители вклучувајќи ја на пример и препораката на ГРЕКО, министерот да не биде член по функција во Судскиот совет, прашањето со еврообврзницата и вакуумот за време на избори и друго.

Поранешниот пратеник и поранешен координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски уверува дека доколку се отвори Уставот, тогаш треба да се разговара и за други теми.

,,Дали ќе се отвори Уставот формално, не знам ,но дека треба да се разговара , треба да се разговара. За мене на пример, примарно би било ако се отвори Уставот да се разговара за немањето потреба од Бадентерово мнозинство. Ние треба да ги изедначивме можностите за сите,да ги реконпонираме позициите на претседателот на државата, да се тргне цензусот, да се зголемат надлежностите на претседателската функција. Како контролор или балансер на извршната власт.За што и дали воопшто ќе се договориме, ќе покаже времето”, потенцира Димовски.

Според Димовски, приближувањето кон ЕУ не е унилатерален процес. Проблемот е што потребата за членство во ЕУ на Македонија не е созреана во ЕУ. Изговор е , вели Димовски дека бугарскиот проблем е пречката за ЕУ.Тврди дека она што Бугарија ги наметна како билатерални прашања во мултирателарната  преговарачка рамка е неразумно и е прв пат во европската историја на проширувањето.

Политичкиот аналитичар Сефер Селими порача дека во секое демократско општество е потребно да има континуирана цивилизациска дебата, особено кај политичките чинители.

,,Некои прашања на политичарите се малку посензитивни. Двојното мнозинство не се однесува на законите поврзани со просто мнозинство.За внесувањето на Бугарите и други заедници во Уставот, тоа не е само услов  од страна на албанските  политички партии за создавање на Влада туку тоа е европски услов за продолжување на процесот за интеграција. Тоа е најважниот процес кој се води во нашата држава каде сите треба да се сплотиме. Мене ми е жал што тој процес се исполитизира и тука ќе изгубиме сите”,рече Селими.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share