АА предводена од Села пред одлука, ДУИ го зголемува фронтот

Aлијансата за Албанците предводена од Зијдин Села денеска на Централно собрание во 15 часот ќе одлучува како ќе настапи на претстојните парламентарни избори. Се очекува Села да добие поддршка за приклучување кон Eвропскиот фронт предводен од ДУИ. Според партиски извори, во таков случај ова крило на АА би можело да смета на 3 до 4 сигурни пратенички места.

Со оглед дека е во тек судска постапка по прашањето на кого му припаѓаат печатите на АА – нему или на Арбен Таравари, а која нема да заврши до рокот за поднесување на листите за пратеници, Села пред два дена изјави дека тие нема да можат да одат сами на избори, па се ставени меѓу две опции: или да не учествуваат на избори или да се приклучат кон еден од двата блока на партиите на Албанците.

Опозициската „Вреди“ смета дека тоа е „евтино алиби“ со оглед дека Таравари јавно им понудил на сопартијците од фракцијата во АА да им ги потпише листите, доколку одлучат да настапат самостојно на изборите.

Генералниот секретар на АА ,Кренар Лога соопшти дека тие ја отфрлаат понудата.

„Печатите на АА не се индивидуална сопственост, уште помалку на оној кој го напушти својот политички дом, а што се однесува до ултиматумите, користете ги со ВМРО, а не со Алијансата за Албанците“, вели Лога.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share