Уапсен е неготинец кој нападнал малолетник во сендвичарница во Неготино. Случајот го пријавил таткото на малолетникот, информира денеска Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.Утринава полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(39) од овој град, постапувајќи по пријава на неготинецот И.С.(44), според која, во сендвичарница во градот, тој физички го нападнал неговиот малолетен син. С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Ѓаковска.Таа извести и дека во кавадаречко било пријавено исчезнување на 76 – годишно лице, по кое се уште се трага.Вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадарци, К.С.(74) од Кавадарци пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Дознаваме дека лицето го бараат полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти.
Поврзани објави
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано,…
20.05.24 08:18
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
Пожарникарите во државава, покрај гаснење урбани пожари, изминатото деноноќие биле ангажирани и за други работи. Четворица битолски пожарникари…
20.05.24 08:14
Од полноќ започнува предизборниот молк за прегласување за парламентарните избори
Од ноќеска на полноќ почнува предизборен молк поради одлуката да се прегласува за парламентарните избори на неколку избирчки…
20.05.24 08:11