27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат од СДСМ.„Вооружени насилници на 27 април 2017 година, поттикнати од ДПМНЕ, упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во парламентот, да го загрозат уставниот поредок, ја доведоа државата пред амбис, на раб на граѓанска војна. Сеќавањата на крвавите лица на пратениците, нападнати со шипки и столици, влечењето за коса, дивеењето на насилниците, кои кршеа и уништуваа се пред себе во храмот на демократијата, се свежи и по седум години. Насилниците поддршка имаа и од Христијан Мицкоски, кој тој ден беше пред македонското собрание. Наместо извинување и осуда, Мицкоски стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток“, пишуваат од партијата.„Ништо не е сменето во ДПМНЕ. Тоа е истата партија која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните. СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори. Со глас за СДСМ и Коалицијата на 8 мај граѓаните гласаат за слобода, демократија и европски вредности“, се вели во соопштението на СДСМ.
Поврзани објави
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано,…
20.05.24 08:18
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
Пожарникарите во државава, покрај гаснење урбани пожари, изминатото деноноќие биле ангажирани и за други работи. Четворица битолски пожарникари…
20.05.24 08:14
Од полноќ започнува предизборниот молк за прегласување за парламентарните избори
Од ноќеска на полноќ почнува предизборен молк поради одлуката да се прегласува за парламентарните избори на неколку избирчки…
20.05.24 08:11