Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, што е намалување од 41,3 проценти, споредено со претходниот седмодневен период.Од новозаболените, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 20, а пријавени се заболени и во Битола – три, Куманово – две лица и по еден случај во Тетово и Демир Хисар.– Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години.Во однос на вакциналниот статус на заболените, 15 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани и еден случај е вакциниран согласно возраст, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи на голема кашлица, со инциденца од 28,1/100 000 жители.
Поврзани објави
Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по прегласувањето во Изборната единици 5 очекува обезбедување двотретинско мнозинство од 62 пратеника…
19.05.24 18:26
„ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти
Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин на лидерите на коалицијата „Вреди“ во Северна Македонија, Билал Касами, Арбен…
19.05.24 10:28
Таравари за РТК:ВРЕДИ ќе има претседател на Собранието и шест министри во новата Влада
Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри, вели за РТК, претседателот на „Вреди“, Арбен Таравари. „Верувам…
19.05.24 08:05