Интер се радува на нова титула во Серија А, со победа во градското дерби против Милан, избраниците на Симоне Инзаги го осигураа Скудетото број 20.Интер во иднина ќе има две ѕвезди на дресот, вечерва „нероаѕурите“ се радуваат на јубилејното Скудето број 20.На пет кола до крајот на сезоната, избраниците на Инзаги испишаа историја, и за прв пат во директен дуел со градскиот ривал Милан, и математички ја осигураа титулата.Ачерби ги донесе гостите во предност од 0-1 во 18. минута, дефанзивецот беше оставен сам по еден корнер и со глава ја затресе мрежата.Интер потоа пропушти неколку добри шанси за зголемување на водството, но по пет минути игра во вториот дел, Турам прецизно биеше по земја од врвот на шеснаесетникот за 0-2.Томори намали на 1-2 во 80. минута и натпреварот влезе во тензична завршница во која беа покажани три црвени картони.Најпрво Тео Ернандес и Дамфрис се фатија за гуша и беа исклучени, за подоцна Калабрија да го удри Фратези при еден корнер и предвреме да го заврши мечот.Мрежите сепак мируваа, па Интер можеше да почне со славјето.
Поврзани објави
Шкендија со триумф над Работнички стигна до Европа
Со голови на Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута, Шкендија со 2-0 славеше на гостувањето…
18.05.24 18:00
Македонските ракометари обезбедија пласман на Светското првенство 2025
Македонската ракометна репрезентација вечерва со 34:26 ја победи селекцијата на Фарските Острови и се пласираше на Светското првенство…
12.05.24 19:55
Пелистер се врати во Прва лига, Беса го „наполни“ Тетекс!
Водечката екипа во ВМФЛ, екипата на Беса 1976 убедливо слави над Тетекс во рамките на 28. коло. Се слави и во Битола бидејќи Пелистер со триумф…
04.05.24 14:01