Македонската женска У-19 фудбалска репрезентација забележа и трета победа на квалификацискиот турнир од втората рунда на Б лигата и со максимален учинок обезбеди промоција во најквалитетната А лига.Избраничките на селекторот Астрит Мерко денеска го победија Велс со 2:1 и стигнаа до максимални девет бода, откако претходно ја совладаа Литванија, како и домаќинот Молдавија во првото коло.Петкова уште во 2. минута донела предност за Македонија, Френсис израмнила за Велс во 21. минута, а решавачкиот гол е постигнат преку Села во 50. минута од средбата.Со освоеното прво место во групата, македонската репрезентација си обезбеди место во првата квалификациска рунда на А лигата во сезоната 2024/25.
Поврзани објави
Шкендија со триумф над Работнички стигна до Европа
Со голови на Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута, Шкендија со 2-0 славеше на гостувањето…
18.05.24 18:00
Македонските ракометари обезбедија пласман на Светското првенство 2025
Македонската ракометна репрезентација вечерва со 34:26 ја победи селекцијата на Фарските Острови и се пласираше на Светското првенство…
12.05.24 19:55
Пелистер се врати во Прва лига, Беса го „наполни“ Тетекс!
Водечката екипа во ВМФЛ, екипата на Беса 1976 убедливо слави над Тетекс во рамките на 28. коло. Се слави и во Битола бидејќи Пелистер со триумф…
04.05.24 14:01