ЕКСКЛУЗИВНО – Заев, Ахмети и Ковачевски се сретнаа во Скопје

Клан Македонија ексклузивно дознава дека поранешниот премиер Зоран Заев, Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретнале денеска во Скопје. 

Клан Македонија дознава дека Заев, Ковачевски и Ахмети имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале  за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори. 

Клан Македонија дознава дека работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера но без детали за другите теми кои се дискутирале. 

Инаку, една ваква средба со работен ручек Заев – Ахмети, пред една година се одржа во Струмица. 

Поврзани објави
Total
0
Share