Во швајцарскиот град Бургеншток продолжува мировниот самит за Украина. Во нацрт-коминикето од мировната конференција, коешто го објавија светските медиумиски агенции, се повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина.
Пред почетокот на средбата швајцарската претседателка Виола Амхерд изјави дека по самитот ги очекува првите конкретни чекори кои треба да доведат до мир.
Украинскиот претседател Володимир Зеленсмки пак вели дека за време на вториот мировен самит, Украина ќе ѝ претстави на Русија конкретни мерки за постигнување мирно решавање на конфликтот.
Зборувајќи на пленарниот состанок на самитот, Зеленски порача дека Русија не е заинтересирана за мир и дека учесниците на самитот треба заедно да одлучат како да дојдат до мир на вистински и траен начин и во согласност со Повелбата на Обединетите нации.