ЗЕЛЕНСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ГЛАВНИОТ УСЛОВ ЗА ПРЕГОВОРИ: Окупираните територии нема да ги враќаме исклучиво по воен пат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат ја спомна можноста за преговори со рускиот лидер Владимир Путин пред враќањето на границите од 1991 година!Зеленски изјави за CBS дека Путин ќе биде „подготвен за дијалог“ доколку вооружените сили на Украина стигнат до границите во 2022 година.- Нема да мораме да ги деокупираме сите наши територии исклучиво со воени средства. Сигурен сум дека кога ќе ги загуби териториите што ги зазеде почнувајќи од 2022 година, тој целосно ќе ја изгуби довербата дури и на оние земји кои сè уште се сомневаат во нивната поддршка за Украина. Ќе ја загуби и власта во својата држава. Штом тоа се случи, тој ќе биде подготвен за дијалог – изјави украинскиот претседател.Зеленски додаде дека за постигнување таков резултат не се потребни само воени чекори на Украина со доволна количина западно оружје, туку и целосна трговска блокада на Руската Федерација со остатокот од светот.

Да се ​​победи значи да и се помогне на Украина да победи економски и да се биде силна на бојното поле и да се помогне политички. Нема да мораме да ги деокупираме сите наши територии исклучиво со воени средства – рече Зеленски.

Украинскиот претседател и неговиот кабинет, да потсетиме, досега изјавуваа дека Киев нема да преговара со Русија додека вооружените сили на Украина не стигнат до границите од 1991 година, а Зеленски сега во основа првпат ја покажа својата подготвеност да преговара дури и без тој услов. 

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги изјавите на Зеленски за преговори со Русија без да се земат предвид границите од 1991 година, нагласи дека украинскиот претседател е очигледно нервозен.

– Зеленски е нервозен. Му претстојат избори или можеби нема избори – изјави Захарова за РИА Новости.

Поврзани објави
Total
0
Share