Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека изборите за претседател на Русија не се легитимни, додавајќи дека тоа е „симулација на избори“.
„Рускиот диктатор симулираше нови избори. На сите во светот им е јасно дека оваа личност, како што често се случувало низ историјата, едноставно е болна за моќ и прави сѐ за да владее вечно“, рече Зеленски во видеообраќање, пренесува Ројтерс. „Нема легитимитет во оваа имитација на избори и не може да го има. На оваа личност треба да ѝ се суди во Хаг. Тоа е она што треба да го постигнеме“, рече Зеленски