За првпат жена се регистрира за претседателските избори во Иран

Зохре Елахијан стана првата жена која се регистрира за претстојните вонредни претседателски избори во Иран по смртта на Ебрахим Раиси кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа.Како што пренесува иранската агенција ИРНА, Елахијан соопштила дека мотото на нејзината влада би било „Здрава влада, здрава економија, здраво општество“.Кандидатура за претседателските избори во Иран најави и поранешниот спикер на парламентот, Али Лариџани. Него му беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2021 година, врз основа на одлука на Советот на чувари на исламската револуција кој врши проверка на кандидатите.

Поврзани објави
Total
0
Share