За лични документи земала пари на рака, службеничка во МВР украла 600.000 денари

Одделот за внатрешна контрола на МВР подесе кривична пријава против вработена во Отсекот за управни работи во Штип, а задолжена за Виница затоа што е осомничена дека за лични документи им земала на луѓето пари во ќеш и заработиле 600. 000 денари.

– Н.Л. во својство на службено лице кое врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од јануари – мај 2023 година, во повеќе наврати присвоила пари доверени во службата, така што барала од граѓаните – баратели на услуги за издавање на лични документи, да ѝ дадат пари на рака при поднесување на барање за издавање патна исправа и лична карта, под изговор дека можноста за плаќање на пос – терминалот со платежна картичка во моментот не е во функција. Притоа, таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на буџетот на РСМ, информираат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share